Затвореник фатен со дрога додека користел отсуство од затвор

Макфакс

29/10/2026

13:40

87

Големина на фонт

а а а

Дваесет и седумгодишен затвореник од Битола е приведен откако полицијата пронашла повеќе видови дрога во неговиот посед додека користел отсуство од казната.

Дваесет и седумгодишен битолчанец, кој издржувал затворска казна, е приведен во Градско откако полицијата кај него пронашла повеќе видови дрога.

Според информациите од полицијата, во моментот користел отсуство од затвор.

При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, марихуана и таблети.

За случајот бил известен јавен обвинител, а битолчанецот бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје. По документирањето на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.