[ВИДЕО] Десет загинати во судирот меѓу два воза во Шпанија

Макфакс

28/10/2026

11:32

236

Големина на фонт

а а а

Два брзи воза се судрија во Шпанија, при што загинаа најмалку десет лица. Судирот се случи на линијата што ги поврзува Мадрид и Андалузија, а железничкиот сообраќај е прекинат додека екипи за итни случаи реагираат на местото.

Два брзи воза се судрија денес во Шпанија, при што загинаа најмалку десет лица.

Сообраќајот на линијата што ги поврзува Мадрид со регионот Андалузија е прекинат, информација што ја потврди и железничкиот оператор Адиф.

„Сообраќајот на линијата за брза железница Мадрид-Андалузија е прекинат по судирот меѓу два воза“, објави шпанската железничка управа на Икс.

Весникот објави дека сведоците описале бројни повреди и дека екипите за итни интервенции се на местото на настанот.

Два вагони излетале од шините и се лизнале по насип. Несреќата се случила нешто по 9 часот наутро по локално време.

Судирот се случил на делницата помеѓу градовите Лос Јебенес и Урда, во покраината Толедо.