[ВИДЕО] Македонски репрезентативец испорача супер моќно забивање против Реал во Евролигата

Дерби

28/10/2026

07:53

422

Големина на фонт

а а а

Македонската кошаркарска репрезентација има повеќе опции кога се во прашање натурализираните играчи, а еден од асовите кој во последно време доби пасош и веќе дебитираше за националниот тим е Ди-Џеј Стјуарт.

Токму Стјуарт оваа сезона има можност да настапува на најдобрата кошарска сцена во Европа, да игра во Евролигата носејќи го дресот на Басконија.

Има добро изданија и едно такво беше против Реал Мадрид каде постигна 13 поени со само едно промашување од игра (3/3 за еден, 5/5 за два, 0/1 за три) и воедно имаше еден потег со кој веројатно ќе влезе во најтесен круг за место во топ 10 листата на колото.

Тој тргна силовите кон кошот и успеа да забие под прекршок кој беше направен од Маледон.