Нетфликс издвои 10 хорор-наслови само за оние со „силен желудник“: Ќе се осмелите ли да ги гледате?

Точка

27/10/2026

17:37

358

Големина на фонт

а а а

Додека многу гледачи во октомври бараат полесни приказни за духови, напуштени куќи или вештерки, вистинските љубители на хоророт сакаат нешто многу посурово и поекстремно.

За сите оние на кои класичните моменти на ненадејно преплашување повеќе не им се доволни, Нетфликс во пресрет на Ноќта на вештерките состави водич со десет исклучително брутални и крвави наслови, кои ја тестираат издржливоста на гледачите до крајни граници.

Од култни класици до нови, психолошки и визуелно вознемирувачки серии, оваа листа содржи сцени од кои на многумина ќе им се преврти желудникот.

1. „Evil Dead“ (Зли мртовци, 2013)

Новата верзија на култниот филмски серијал, во режија на Феде Алварез, не поштедува никого. Приказната следи група пријатели во изолирана колиба, кои се соочуваат со демонски сили откако ќе отворат озлогласена книга.

Филмот изобилува со сцени на отсекување екстремитети, огромни количества вештачка крв и незаборавни сцени со моторна пила.

2. „Saw X“ (Пила, Сложувалка на стравот 10“, 2023)

Десеттото продолжение на една од најбруталните хорор-франшизи во историјата го враќа Џон Крамер во центарот на дејството.

Сместен хронолошки меѓу првиот и вториот филм, го прикажува неговото одмаздување кон лекарите измамници во Мексико, преку низа нови, неверојатно смислени и мачни механички стапици.

3. „Texas Chainsaw Massacre“ (Тексашкиот масакр со моторна пила, 2022)

Легендарниот Ледерфејс доби модерно продолжение во кое тероризира млади инфлуенсери кои одлучиле да се населат во напуштено гратче во Тексас.

Крвавата пресметка во автобус полн со патници стана една од најшокантните сцени во современите слешер-хорор филмови.

4. „Aliens“ (Вонземјани, 1986)

Ремек-делото на Џејмс Камерон ги спојува научната фантастика и чистиот хорор.

Од сцени на распарчување на градниот кош до киселинската крв на вонземјаните, која ги разјадува човечката кожа и металот, борбата на Елен Рипли против ордата ксеноморфи е класика која не губи од својот интензитет.

5. „Hannibal“ (Ханибал, серија)

Иако визуелно стилизирана и естетски доведена до совршенство, серијата со Мадс Микелсен во улогата на д-р Ханибал Лектер нуди некои од најморничавите кулинарски и канибалистички сцени што некогаш биле прикажани на телевизија.

6. „Ready or Not“ (Подготвени или Не, 2019)

Младата невеста Грејс открива дека нејзиното ново, богато семејство има бизарна свадбена традиција – смртоносна игра на криенка.

Филмот комбинира црн хумор со немилосрдно крвопролевање, додека невестата во искината венчаница се бори за сопствениот живот.

7. „The Babysitter“ (Дадилката, 2017)

Момче кое одлучува да ја шпионира својата симпатична дадилка открива дека таа всушност е водач на сатанистички култ кој изведува крвави ритуали во неговата куќа. Динамична, забавна, но и исклучително насилна црна комедија.

8. „Monster: The Lizzie Borden Story“ (Чудовиште: Приказната за Лизи Борден, 2026)

Новата антологиска серија на Рајан Марфи се занимава со озлогласените убиства со секира од 1892 година. Детален и вознемирувачки приказ на семејната трагедија и бруталноста што ја шокирала тогашна Америка.

9. „Bone Lake“ (Езерото на коските, 2024)

Еротски трилер и хорор кој започнува со забуна околу резервацијата на луксузна куќа покрај езеро, но романтичниот викенд на два пара набрзо се претвора во кошмар исполнет со манипулации, насилство и локален сериски убиец.

10. „Something Very Bad Is Going to Happen“ (Ќе се случи нешто многу лошо, 2026)

Атмосферична серија исполнета со напнатост и вознемиреност која ги следи подготовките за интимна свадба, која се претвора во хорор што опфаќа повеќе генерации.

Тајните на семејството на младоженецот и мрачните сили полека излегуваат на виделина, водејќи кон неизбежна и крвава разврска.