Специјална честитка: Баерн на оригинален начин ја одбележа „Златната топка“ на Кејн

Дерби

27/10/2026

15:50

338

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на Баерн Минхен, Хари Кејн е прогласен за најдобар фудбалер на светот, добитник на најпрестижната индивидуална награда „Златната топка“.

Кејн беше крунисан на свечена церемонија во Лондон притоа оставајќи ги зад себе Килијан Мбапе и Ламин Јамал, двајца играчи кои водеа отворена кампања за освојување на ова признание.

Тој за клубот и репрезентацијата постигна 73 гола што е фантастична бројка и овој учинок заедно со освените пехари на клупско ниво направија да биде крунисан за „крал“ на фудбалот за оваа година.

Хари на овој начин стана прв играч на Баерн со освоена „Златна топка“ по Карл-Хајнц Румениге во 1981 година, а германскиот великан му честитиаше на оригинален начин.

„Алијанц Арена“ засвети во златна боја и воедно беше испишано неговото презиме.