Екс играч на Барселона: Реал е подобра екипа без Винисиус Жуниор

Дерби

27/10/2026

13:51

265

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид успеа да слави над Барселона (2-1) во големото дерби кое во саботата се одигра на „Камп Ноу“.

„Кралевите“ беа под притисок да остварат позитивен резултат, да не дозволат Барса дополнително да ја зголеми предноста на табелата, па не само што останаа непоразени туку и го освоија трите бода на жешкиот терен на противникот кој долго време не знаеше за неуспех во својот дом.

Реал до овој триумф дојде без услугите на суспендираниот Винисиус Жуниор, но според Жерард Лопез отсуството за Бразилецот било полн погодок за тимот што го води Жозе Мурињо.

- Реал Мадрид е подобар по загубата на Винисиус. Tака е. Тимот е многу поизбалансиран. Без Винисиус, овој тим трча повеќе и подобро, - истакна Лопез кој го пофали Јан Диоманде.

- За мене, тој е најдобриот играч на мечот за Реал Мадрид, - заклучи поранешниот фудбалер на каталонците.