Нова смрт со траги од насилство во Ѓорче Петров – ќерка ја пронашла почината својата 76-годишна мајка

Макфакс

27/10/2026

13:03

449

Големина на фонт

а а а

Во скопската општина Ѓорче Петров е пријавена нова смрт со видливи траги од насилство. Седумдесет и шестгодишна жена е пронајдена почината во својот дом, што е втор случај во истата општина во рок од пет дена каде жртви се лица со насилни траги, а телата се предадени на обдукција.

Седумдесет и шестгодишна жена е пронајдена почината со видливи траги од насилство во куќа на улицата „Ѓурчин Кокале“ во скопската општина Ѓорче Петров. Ова е втор случај за само пет дена во истата општина во кој лице е пронајдено починато во дом со траги од насилство.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот денеска (27 октомври), во 9:18 часот, го пријавила М. А., која ја пронашла својата мајка О. А. (76) без знаци на живот.

„Од страна на Итната медицинска помош констатирана е смрт со видливи траги од насилство. Известен е јавен обвинител по чии насоки телото е дадено на обдукција“, соопштија од МВР.


На 22 октомври, во 18:40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека 62-годишниот С. Ј. е пронајден починат во својот дом, исто така на подрачјето на Ѓорче Петров.

И во тој случај лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт со траги од насилство, а телото било предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.

Од Јавното обвинителство, во врска со прашањето дали двата случаи се поврзани, посочуваат дека за да се утврди евентуална поврзаност, најпрво мора да се открие кој е сторителот