Кривична пријава против 19-годишник од Скопје за „вонбрачен живот со дете“

Макфакс

27/10/2026

11:00

231

Големина на фонт

а а а

Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје поради сомнение за кривично дело поврзано со вонбрачен живот со дете. При претресот бил пронајден во друштво на малолетничка, која е предадена на социјалните служби за понатамошна постапка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 19-годишник од Скопје, со привремен престој во Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.

На 08.09.2026, со судска наредба, бил извршен претрес во домот кој го користел во Струга, пријавениот бил пронајден со 16-годишна малолетничка од Скопје.

Малолетничката е предадено на претставници на Центарот за социјални работи од Струга за натамошна постапка.