Во Охрид се случи физички напад помеѓу две жени, при што едната од нив доби тешки телесни повреди и беше пренесена во болница. Надлежните ќе преземат законски мерки по документирањето на инцидентот.
Вчера во 12:10 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Коста Абраш“ во Охрид, М.Х физички ја нападнала 59-годишната Б.Х., двете од Охрид, која се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
По целосно документирање на настанот, против М.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.








