Лазар Банов од ВМРО-ДПМНЕ ја критикува урбанизацијата во Општина Центар, алармирајќи за бетонскиот развој и недостатокот на зеленило и паркинзи, прашувајќи ги градските власти за нивната визија за подобар живот во општината.
„Денес сме на улицата „Јордан Мијалков“, пред уште еден пример за урбанизација што отвора прашање за хуманото живеење во Центар. Згради оддалечени едвај неколку метри, недостиг од паркинг и речиси никакво зеленило. На жителите им се одземаат просторот, приватноста и условите за достоинствен живот“, кажа Лазар Банов, потпретседател на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ.
„Господине Бетон Герасимовски, заедно со вашиот ментор Филипче, пред изборите ветувавте хуман Центар, а денес граѓаните гледаат бетонски лавиринт! Каде се зеленилото, паркинзите и конкретните решенија за подобар живот? Не може урбанистичкиот развој да се мери само со нови згради, додека потребите на жителите остануваат во втор план.
Бетон Герасимовски, време е да одговорите за резултатите од вашето раководење во Општина Центар. Кој ги штити граѓаните и нивниот квалитет на живот? Граѓаните на Центар заслужуваат општина во која ќе има простор за живеење, а не секој слободен метар да се претвора во бетон.
Центар не е парцела за градење, туку дом на граѓаните. Ветувањата поминуваат, но последиците од лошото урбанистичко планирање остануваат со години!“








