Делови од општините Кисела Вода и Студеничани денеска без струја

Макфакс

26/10/2026

06:30

81

Големина на фонт

а а а

Информирање за планираните прекини на електричната енергија денеска во делови од општините Кисела Вода и Студеничани.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

· во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од селата Вртекица, Пагаруша и Рамни Габер, како и дел од корисниците од село Долно Количани лоцирани во Долно Маало Поле, општина Студеничани;

· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од улицата Христо Татарчев, општина Кисела Вода.