Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Макфакс

26/10/2026

08:33

195

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, со услови за магла и засилен ветар долж Повардарието. Во наредните денови ќе се задржи стабилно и променливо време, а кон крајот на неделата се очекуваат врнежи.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а денеска и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи од дожд.