ЦРТА: Студентската листа освои 51,47 отсто од гласовите, листата на Вучиќ 40,42 отсто

Макфакс

25/10/2026

22:28

258

Големина на фонт

а а а

Студентската листа ја освои најголемата поддршка на изборите во Србија со 51,47 отсто од гласовите, додека листата на Александар Вучиќ доби 40,42 отсто. Другите листи не го поминаа изборниот праг освен листите на малцинствата.

Студентската листа освоила 51,47 отсто од гласовите на изборите во Србија, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ добила 40,42 отсто, соопшти вечерва програмскиот директор на ЦРТА, Раша Неделков.

Според податоците што ги презентираше Неделков, ниту една друга изборна листа не го поминала изборниот праг, со исклучок на листите на малцинствата.

Невалидни биле 1,55 отсто од гласачките ливчиња.

Неделков порача дека граѓаните имаат право да слават, но ги повика тоа да го прават достоинствено.