Управата за хидрометеоролошки работи најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и услови за појава на магла во одделни котлини, додека ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд најавува Управата за хидрометеоролошки работи за денеска. Претпладне во одделни котлини ќе има услови за појава на магла, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи од 6, а максималната ќе достигне до 20 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време, со променлива облачност и услови за појава на слаба магла во претпладневните часови. Попладне во делови од Скопската Котлина се можни повремени врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 10 до 17 степени, а ќе дува слаб југоисточен ветер.
Во текот на новата работна седмица ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер, а утре и во вторник долж Повардарието повремено ќе засилува северниот ветер.








