Зголемена употреба на дронови по повод одбележувањето на 23 Октомври, најави МВР

Макфакс

22/10/2026

20:21

220

Големина на фонт

а а а

Министерството за внатрешни работи најави зголемена употреба на беспилотни летала по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври, со цел снимање од воздух и обезбедување на безбедноста на свеченостите за овој ден.

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на утрешниот ден (23.10.2026), по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ќе има употреба на беспилотни летала (дронови) за снимање од воздух.

„Паркинг просторот на Музејот на современата уметност за реализирање на свеченост ќе биде обезбеден во периодот од 10:00 до 23:30 часот и за таа цел апелираме до граѓаните да ги отстранат возилата од паркингот.
Активностите ќе се реализираат во рамки на планираните мерки поврзани со одбележувањето на празникот, при што на одредени локации ќе биде забележливо зголемено присуство и движење на беспилотни летала“.

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека станува збор за однапред планирани активности и апелира за разбирање, со цел нивно непречено и безбедно спроведување.