Руки на Голден Стејт војуваше со Словенецот: Го загубив целиот респект за Дончиќ

Дерби

22/10/2026

12:25

247

Големина на фонт

а а а

Голден Стејт загуби убедливо на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс, а посебно внимание по средбата предизвика изјавата на еден од гостинските играчи.

Јаксел Лендеборг е дебитант во редовите на „воините“ и кошаркар кој добро го чуваше Лука Дончиќ за време на премиерата во новата НБА сезона на Голден Стејт, а по натпреварот истакнал дека го загубил сиот респект кон Словенецот.

– Имав големо почитување за него, бидејќи досега и не гледав премногу НБА натпревари.

– Најчесто гледав хајлајтс и делуваше застрашувачко кога гледаш како ги „убива“ ривалите. Но, сега кога имав можност да бидам покрај него на теренот и да го слушaм неговото кукање, жалење и протести кон судиите, го загубив респектот кон него, – рекол Лендеборг.

НБА дебитантот во лице му кажал на Дончиќ што мисли за неговите потези, а во една ситуација заработи и техничка грешка поради зборовите упатени на сметка на првата ѕвезда на Лејкерс.

– Му кажав дека не го бива. Не може да постигне поени преку мене, може да зборува, но не и да реализира. Го кажував тоа цел натпревар, затоа добив техничка грешка, – открил членот на Голден Стејт, кој според статистиката го остави Дончиќ на ефект 1 од 6 во моментите кога беше задолжен за него.