Мбапе: Винисиус е тажен? Тоа е многу добра работа за нас

Дерби

22/10/2026

11:18

132

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор почна да ја отслужува својата казна во Ла Лига и нема да игра и на наредните три натпревари, па во таква ситуација, единствена утеха за него се натпреварите во Лигата на шампиони.

Како што најави Жозе Мурињо уште пред неколку дена, Вини беше стартер против Ред Бул Лајпциг и доби предност пред Диоманде, но во натпревар во кој повторно не успеа да направи нешто посебно во нападот, Бразилецот изгледаше доста фрустрирано кога го напушташе теренот.

Вини делуваше доста тажно во моментите кога му го отстапи своето место на најскапото летно засилување, а Килијан Мбапе смета дека тоа е добар знак за Бразилецот, но и за Реал Мадрид како тим.

– Мислам дека е многу добра работа тоа што Винисиус е тажен, тоа значи дека тој не е задоволен и дека сака да му даде многу на тимот и на луѓето кои го сакаат Реал.

– Сметам дека треба да остане мирен, треба да биде горд на личноста која ја има создадено. Еден голем играч секогаш треба да биде горд на тоа што е, бидејќи неговиот квалитет не се доведува во прашање, – изјави Мбапе кој беше стрелец на два гола во победата од 4:1 над РБ Лајпциг.