Во Велес, 35-годишен маж од село Бузалково беше приведен од страна на полицијата по централна потерница за издржување едногодишна затворска казна поради кривично дело тешка кражба, по член 236 од Кривичниот законик.
Вчера во 23:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го приведоа 35-годишниот Б.М. од село Бузалково, велешко.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Велес за издржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
Тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.








