Најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата, Алан Ширер направи избор и ја претстави најдобрата единаесетка на седмото коло во најсилната англиска фудбалска конкуренција.
Оваа рунда донесе победи за трите првопласирани екипи (Манчестер Сити, Арсенал и Брајтон), но и конечно прво славје на Тотенхем кој беше подобар од Ковентри со 3-1.
Ширер се одлучи за офанзивна формација, формација 3-5-2 во која најстурени се Халанд од Сити и Еванилсон од Борнмут.
На голот е Сузуки, одбраната е со тројца стопери Мингс, Вушковиќ и Мегваер, додека во „петката“ се Нето, Муњоз, Мадисон, Манзамби и Гомез.









