Претрес во Радовиш, пронајдена дрога: двајца уапсени

Макфакс

22/10/2026

10:20

120

Големина на фонт

а а а

Во Радовиш, полицијата уапси двајца мажи при претрес каде беше пронајдена марихуана. Се изврши и претрес во домот на еден од осомничените, а случајот е предаден на јавен обвинител.

На 20.10.2026 во 20:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода 30-годишниот Е.А. и 31-годишниот Е.Д., двајцата од Радовиш. При преглед кај нив, кај Е.А. биле пронајдени две пакувања со мариhuana.

На 21.10.2026, со судска наредба извршен е и претрес во домот на Е.А., при што, исто така, била пронајдена и одземена мариhuana.

За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.