По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на одмор во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкции прашува ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

22/10/2026

09:20

291

Големина на фонт

а а а

По изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче исчезна од медиумскиот простор, додека СДС доживува пад во поддршката и пораз на изборите, што предизвика реакции од ВМРО-ДПМНЕ кои го прашуваат каде е Филипче и обвинуваат за избегнување на одговорност.

„По изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде. СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи?

Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста.

Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање.

Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите.

Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.