Делови од општините Чаир, Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Зелениково денеска без струја

Макфакс

22/10/2026

06:57

209

Големина на фонт

а а а

ЕВН Македонија известува дека повеќе делови од општините Чаир, Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Зелениково денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати и реконструкции на мрежата.

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

Општина Чаир

· Во периодот од 08:00 до 11:30 часот, дел од корисниците од улицата „Славеј Планина“, улицата „Прохор Пчински“ и улицата „Јоаким Крчовски“.

Општина Кисела Вода

· Во периодот од 09:00 до 14:00 час поради реконструкција на НН мрежа на улицата Ѓорѓи Капчев 31 без напојување ќе бидат корисниците на улиците Ѓорѓи Капчев 31, Ристо Аврамовски и Димитар Солев.

· Во периодот од 09:00 до 12:00 часот, фирмата СТХ ДОО СКОПЈЕ во кругот на Стаклара и дел од околните објекти.

Општина Бутел

· Во периодот од 09:00 до 13:00 часот, дел од корисниците на улицата Боро Кралевски во Радичани.

Општина Зелениково

· Во периодот од 10:00 до 15:00 часот, поради технички зафат во електродистрибутивната мрежа дел од село Пакошево ќе останат без електрична енергија.