Дел од улицата Луј Пастер утре ќе остане без вода

Макфакс

21/10/2026

18:06

177

Големина на фонт

а а а

Утре, дел од улицата Луј Пастер во Скопје ќе остане без вода поради дефект на приклучна цевка, со прекин на водоснабдувањето од 8:30 часот додека не се отстрани дефектот.

Дел од улицата Луј Пастер во Скопје утре (22 октомври) ќе остане без вода поради дефект на приклучна цевка на улицата „Даме Груев“ број 4.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) – Скопје, повикувајќи се на известување од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот до завршување на санацијата на дефектот.