Со доста лимитиран состав и неколку повредени фудбалери, Рома успеа да победи на натпревар на кој мораше да победи, а по триумфот од 4:0 над Слован Братислава, Џан Пјеро Гасперини сепак нагласи дека има една причина за грижа и после убава вечер.
Рома ја запиша првата победа во новата сезона во Лигата на шампиони и стигна до позициите кои гарантираат фудбал и во втората фаза од натпреварувањето, па јасно е дека целта на „волчицата“ ќе биде да остане таму и по осум одиграни рунди.
– Несомнено е дека тимот е во добра форма, но не смееме да спиеме на тоа уво. Мора доследно да ги завршуваме работите на секој натпревар, а така беше и овојпат. Можевме да бидеме и малку попрецизни, но победата е задоволителна.
– Беше важно да имаме правилен пристап уште од самиот почеток, од една страна поради тоа што ни беа потребни три бода, но и затоа што во Лигата на шампионите нема лесни натпревари. Ми се допадна начинот на кој игравме, а со оглед на ротациите кои ги направивме на претходниот меч, немавме оправдување за евентуален замор, – изјави Гасперини, кој единствено е загрижен за повредата која ја заработи Пелегрини.
– Ова ни овозможува да продолжиме напред со самодоверба и да го прошириме кругот на играчи кои можат да бидат стартери во овој тим. Единственото нешто што ме загрижува е тоа што постои ризик да го загубиме Пелегрини на одреден период, – изјави Гасперини.








