Флик ги смирува страстите по првиот сезонски пораз: Се знае кога се игра најважниот фудбал

Дерби

21/10/2026

14:29

394

Големина на фонт

а а а

Ханси Флик мораше да објаснува зошто го остави Родри на клупата на резерви во воведниот дел од натпреварот со ПСЖ и Германецот јасно стави до знаење дека го поштедил во пресрет на големото „Ел Класико“ дерби, но во комуникацијата со новинарите на прес-конференцијата, тренерот на Барса извлече и свои заклучоци за првиот сезонски пораз.

Педри беше еден од оние кои најавија дека дербито со ПСЖ ќе им даде јасна слика каде е местото на Барселона во Европа во овој момент, а по поразот од 4:2, Флик се обиде да ги смири страстите, особено поради фактот што станува збор за прв пораз во три месеци.

Барселона дојде во Париз со перфектни „11 од 11“ на сите одиграни натпревари, па иако одигра добар натпревар, на крајот потклекна во дуелот со актуелниот европски шампион и убедливо најдобар тим во изминативе две години.

– Гледавме фантастичен натпревар од двете екипи. ПСЖ покажа дека е подобар тим од нас во моментов. Загубивме, но извлековме поука. Она што го постигнавме во последните неколку недели е фантастично и сега треба да продолжиме напред.

– Не ни беше лесно за игра, но фудбалерите дадоа се што имаат и се обидуваа во секој момент. Нашето закрепнување по натпреварот со Севилја не беше најдобро поради одложените летови, но тоа не е оправдување. Мора да научиме и да извлечеме поука од овој натпревар. Се уште сме во месец октомври и премногу е рано да се зборува за било што. Лигата на шампионите се освојува во јуни, најдобриот и најважниот фудбал се игра на крајот од сезоната, – изјави Флик.