Барселона го пријави ПСЖ во УЕФА поради морничавата кореографија на „Паркот на принцовите“

Дерби

21/10/2026

14:27

399

Големина на фонт

а а а

Барселона официјално го пријави ПСЖ до УЕФА поради контроверзната и морничава кореографија која навивачите на францускиот клуб ја истакнаа пред почетокот на нивниот натпревар во Лигата на шампионите, а која интересно била одобрена од страна на упрвата на „светците“.

Ултрасите на ПСЖ редовно им најавуваат на одговорните луѓе со каква содржина ќе се претстават на секој голем натпревар, а вчера нивна инспирација беа два хорор филмови, „Ноќ на вештерките“ и „Масакар со моторна пила“.

Најжестоките навивачи на Парис Сен Жермен подигнаа огромен транспарент на кој беше прикажано како Мајкл Маерс го сече и уништува грбот на Барселона, проследено со илустрација на крв. За дополнителен ефект беше користена пиротехника која симулираше искри од моторната пила.

– Масакрот во Париз, – гласеше пораката која ја испратија жестоките навивачи на ПСЖ.

Каталонскиот гигант поднесе поплака до делегатот на УЕФА уште за време на натпреварот, но достави и желба по крајот на истиот и го оцени потегот на навивачите како „претерано агресивен, навредлив и морничав“.

Поради сериозноста на пропустите во безбедносната организација на стадионот и недозволената содржина, се очекува УЕФА да отвори дисциплинска постапка, што може да му донесе на францускиот клуб висока парична казна или делумно затворање на трибините за следните европски натпревари.