Скот МекТоминеј многу брзо почна да демонстрира дека е играч број еден на Наполи, без оглед на тоа што самиот вели дека се уште не е на нивото на кое посакува по операцијата која мораше да ја направил.
Шкотланѓанецот поради срцева операција беше во аут околу еден месец, но откако го санираше проблемот брзо се врати во ротацијата на Макс Алегри и вчера беше клучен за победата над Бодо.
Скот постигна два гола во победата од 4:3, а со една специфична прослава откри и најдобра можна вест поврзана за збогатување на семејството.
МекТоминеј ја стави топката под дресот во моментите кога славеше гол, а подоцна и самиот откри дека чекаат дете со неговата партнерка.
– Имав неверојатна причина за да прославам така, – изјави МекТоминеј со насмевка на лицето, потврдувајќи ја веста која можеше да се намириса.
🚨 Scott mctominay is going to be a dad 😍❤️🥰
#NapoliBodø | #UCL https://t.co/cXiv5QmxXo
— Mctominay Zone (@mctominay_HQ) October 20, 2026








