Шпанец дебитираше во НБА со брутална блокада, Вембањама не знаеше што го снајде

Дерби

21/10/2026

13:50

444

Големина на фонт

а а а

Новата сезона во НБА лигата стартуваше со три пресметки во првата натпреварувачка вечер, а последната беше онаа меѓу Оклахома и Сан Антонио, две екипи кои водеа големи битки и минатата сезона.

Тандерси успеаја да се реваншираат за елиминацијата во плејофот и го надиграа Сан Антонио на негов терен, и тоа во партија која ќе остане за паметење и по блокадата која ја изведе еден дебитант.

Шеј Гилџус- Александер беше лидер во офанзивниот дел со 32 поени, 6 скокови и 4 асистенции, но шоуто го украде талентираниот Шпанец, Адај Мара.

21-годишниот Шпанец го имаше своето „пеколно крштевање“ во НБА лигата против тим кој има шампионски амбиции, но храброто момче уште на стартот покажа дека не се плаши од никој.

Мара посебно се истакна со една брутална блокада во дуел со Виктор Вембањама, а начинот на кој го разнесе Французинот направи да стане вирален хит уште на првиот меч кој го одигра во НБА лигата.

Шпанецот го заврши мечот со 7 поени, додека Вемби имаше лоша шутерска вечер и постигна само 13 поени.