Товарно возило удрило во 78-годишна охриѓанка: Со тешки повреди пренесена во болница

Макфакс

21/10/2026

13:28

175

Големина на фонт

а а а

Вчера околу 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на ул.„15 Корпус“ во Охрид, товарно возило „ман“ со приколка со охридски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот О.М. од Охрид, удрило во 78-годишната М.А. од Охрид.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.А., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.

Полицијата соопшти дека бил извршен увид од увидна екипа на СВР Охрид.