Мицкоски утре на самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Макфакс

21/10/2026

13:07

162

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски утре, 22.10.2026 година (четврток) ќе учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора на кој ќе се разговара за економското поврзување на регионот, безбедноста и забрзување на интеграцијата во Европската Унија.

Според најавите на главната сесија, Мицкоски ќе ги образложи македонските можности и ставови поврзани со економијата, безбедноста како и европските интеграции и конкурентноста на регионот.

Самитот е завршен настан на претседавањето на Црна Гора, а покрај лидерите од Западен Балкан, учествува и Канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц кој е силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија, соопштија од владиниот кабинет.