Вчера во 14:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода 63-годишниот Љ.М. од Куманово.
При акциска контрола, спроведена согласно претходно изготвен план за реализација, во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ и Одделот за граѓански работи при МВР, во деловен простор кај Љ.М. биле пронајдени 28 пиштоли за светлосно – звучна сигнализација за кои не поседувал дозвола.
Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.








