Осум нови случаи на ХИВ/СИДА во септември, пријавени се две починати лица

Макфакс

21/10/2026

11:29

232

Големина на фонт

а а а

Во текот на месец септември, пријавени се 8 нови случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол, според извештајот на Институтот за јавно здравје.

Согласно возрасната дистрибуција, 4 лица припаѓаат на возрасната група од 30-39 години и по едно лице во возрасните групи од 15-19, 20-29, 40-49 и 50-59 години.

Пријавени се две починати лица, претходно пријавени како случаи на ХИВ, во 2015 и 2018 година соодветно. И двете лица припаѓаат на возрасната група од 40-49 години.

Согласно постоечката евиденција на пријавени случаи (заклучно со 30.09.2026), вкупниот број на пријавени ХИВ/СИДА случаи во 2026 година изнесува 49, додека кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Македонија, за периодот 1987–2026, изнесува 778 и тоа:

144 починати лица

520 лица кои живеат со ХИВ/СИДА

114 лица се водат како изгубени за следење (иселени)