[ВИДЕО] Брачен пар ужива во кафе додека Париз гори: Неверојатна снимка од Франција среде насилните протести

Точка

21/10/2026

08:32

543

Големина на фонт

а а а

Снимка од брачен пар кој ужива во кафе во центарот на Париз додека околу нив беснеат протести го обиколи светот.

Во Франција веќе со недели беснеат масовни и насилни протести. Светот е шокиран од насилните сцени во многу француски градови, но фотографијата од брачен пар кој ужива во кафе на терасата на едно кафуле, додека зад нив се одвива судир меѓу демонстрантите и полицијата, ја обиколи планетата, пишува „BBC“. Мажот пуши цигара, додека жената седи покриена со ќебе и само делумно ги набљудува судирите што се одвиваат на само 100 метри од нив.

Снимката е направена некаде во центарот на Париз. Потврдено е дека е автентична и дека не станува збор за видеозапис генериран од вештачка интелигенција, во што се сомневаа многумина уште од моментот кога се појави снимката.

Зошто избувнаа протестите во Франција?

Во Франција веќе со недели, од крајот на септември и почетокот на октомври, беснеат масовни и насилни протести поради растечките трошоци за живот на граѓаните и влошувањето на квалитетот на јавните услуги. Протестите првично ги организираа студентите и средношколците, на кои набргу им се придружија вработените во образованието и работниците од јавниот сектор.