Во средно училиште во Шуто Оризари ученик бил нападнат од две лица, едниот од кои извадил пиштол, но не испукал куршум. Случајот е пријавен кај полицијата и се водат мерки за негово расчистување.
Ученик од средно училиште во Шуто Оризари бил нападнат на големиот одмор, а едниот од напаѓачите извадил пиштол.
Според информациите на МВР, вчера околу 16:00 часот во СВР Скопје, Р.С.(41) од Скопје пријави дека на голем одмор пред средно училиште на подрачје на Шуто Оризари, каде што учел, неговиот 16-годишен син бил физички нападнат од две лица, од кои едниот извадил пиштол, но не пукал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.








