Лапорта: Барселона и Реал немаат никаков однос, постои само конфронтација!

Дерби

20/10/2026

11:29

266

Големина на фонт

а а а

Барселона вечера ја очекува големо европско дерби во домот на актуелниот владетел во Лигата на шампионите, но во пресрет на пресметката со ПСЖ, Жоан Лапорта за француски „Лекип“ проговори и за нарушените односи со вечниот ривал на Каталонците.

Барса ќе нема многу време за одмор по вечерашниот натпревар и брзо ќе треба да се насочи кон подготовка на големото „Ел Класико“ дерби против Реал Мадрид, а Лапорта на Французите им откри дека веќе некое време не владее идилична атмосфера меѓу него и Флорентино Перез, како и Барселона и Реал на клупско ниво.

– Во моментов не постои никаква комуникација меѓу двата клуба. Поточно, ние сме во судир со нив на секое поле. Веќе нема никаков однос – би рекол дека постои само конфронтација.

– Тие сакаат да го свртат вниманието кон „случајот Негреира“, но таму нема ништо. Го загубија кредибилитетот и почитта која ја уживаа како клуб. Сметам дека направија низа грешки и сега ја плаќаат цената за тоа, – вели Лапорта.

Барселона влегува непоразена со 11 победи на 11 натпревари во пресрет на двете големи дерби пресметки кои следат, па останува да си види дали тимот на Ханси Флик ќе успее да ја одржи оваа перфектност и после овие дуели.