Педри: Мечот со ПСЖ ќе ни покаже како стоиме во Европа

Дерби

20/10/2026

11:28

262

Големина на фонт

а а а

ПСЖ две години наназад е убедливо најдобар тим во светот и во Европа, а вечерва за свој ривал на „Паркот на принцовите“ ќе го има најрасположениот и најразигран колектив од стартот на новата сезона.

Барселона „меле“ се пред себе и има перфектен учинок од 11 победи на 11 натпревари, но се чини дека вечерва ќе го има вистинскиот тест за тоа на кое место се наоѓа во Европа.

Каталонскиот великан доминантно измаршира до титулите во Ла Лига во изминатите две сезони, меѓутоа не успеваше да одигра доволно зрело во Лигата на шампиони, па затоа Педри верува дека вечерашниот меч со европскиот првак ќе им даде јасна слика за тоа на кое место се во Европа.

– Очекувам голема битка на теренот. Двата средни реда имаат потешкотии кога ја немаат топката во посед, па ќе има надмудрување околу тоа. Оној тим што ќе има поголем посед, ќе ја навали вагата на своја страна. Во добра серија сме и сакаме така да продолжиме. Знаеме дека играме против европскиот шампиони, но ние сме Барселона и секаде одиме на победа, – изјави Педри.

Еден од новинарите му порача на играчот за врска дека ова за дел од фановите има значење на „финале пред финале“ уште во раната фаза на Лигата на шампиони, но Педри посочи дека е премногу рано да се извлекуваат такви заклучоци.

– На натпреварот гледаме како на многу тежок предизвик што сакаме да го минеме позитивно, но сепак не како на финал. До финалето има уште многу, за титули се игра во мај. Сепак, натпреварот со ПСЖ ќе ни послужи добро за да видиме каде стоиме во европски рамки, – изјави Педри.