Јужна Кореја повлекува дополнителен персонал од амбасадата во Украина по дипломатскиот скандал

Макфакс

20/10/2026

08:40

98

Големина на фонт

а а а

Јужна Кореја повлекува дополнителен дипломатски персонал од Украина поради спор околу двајца севернокорејски воени заробеници кои се префрлени во Јужна Кореја, при што украинската страна не одговорила позитивно на барањата на Сеул. И покрај конфликтот, Јужна Кореја ќе продолжи да ѝ помага на Украина.

Јужна Кореја ќе повлече дополнителен персонал од својата амбасада во Украина поради дипломатскиот спор со двајцата севернокорејски воени заробеници, пренесува „Ројтерс“. Министерството за надворешни работи во Сеул денеска соопшти дека украинската страна не одговорила конструктивно на јужнокорејските барања. Одлуката следува помалку од две недели откако Јужна Кореја го повлече својот амбасадор од Киев.

Спорот започна

Откако украинскиот претседател Володимир Зеленски на 23 септември, на Генералното собрание на ОН, откри дека Украина префрлила двајца заробени севернокорејски војници во Јужна Кореја.

Сеул тврди дека со тоа бил прекршен договорот за доверливост, чија цел била да се заштитат војниците и нивните семејства во Северна Кореја. Киев, пак, го оспорува постоењето на таков договор.

Заробени војници

Двајцата војници биле заробени во јануари 2025 година, за време на борбите во руската област Курск, каде што севернокорејските сили војувале на страната на Русија. Тие изразиле желба да заминат во Јужна Кореја, каде што биле префрлени во септември годинава.

Помош за Украина

И покрај дипломатскиот спор, Сеул на 15 октомври соопшти дека ќе продолжи да ѝ обезбедува помош на Украина.