Утре сончево и топло до 26 степени, од среда попладне дожд, најавува УХМР

Макфакс

19/10/2026

17:54

85

Големина на фонт

а а а

Времето во Македонија утре ќе биде сончево и топло со температури до 26 степени, а од среда попладне се очекуваат дождови и пообилни врнежи во следните денови.

Времето утре ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.

Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Од среда попладне и во следните денови ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи. До четврток по котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност. Во петок ќе дува засилен северозападен ветер.