На церемонијата на доделување на наградите „Бизнис Лидер“, компанијата dm дрогерие маркт и оваа година го доби признанието за најуспешна компанија во категоријата „Трговија на мало со козметички препарати“, а во рамки на истото признание беше препознаена и како компанија што ја предводи успешен женски лидер, врз основа на анализа на најголемите и најуспешни компании во Македонија во кои управувачката улога ја има жена претседател на управен одбор или управител.
Признанието беше доделено на свечен настан што се одржа на 15 октомври во Македонската филхармонија во Скопје и претставува уште една потврда за успешното работење на dm, квалитетната понуда, професионалната услуга и посветеноста на потребите на купувачите.

„Ова признание претставува особена чест за нас, бидејќи е одраз на довербата што секојдневно ја добиваме од нашите купувачи. Токму тие се нашата најголема мотивација постојано да напредуваме, да го унапредуваме нашето работење и да нудиме производи и услуги што ги исполнуваат нивните очекувања“, изјави Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и комуникации во dm.

Во изминатиот период, dm продолжи да инвестира во подобрување на искуството при пазарување, во развој на асортиманот, во одржливи практики и во општествено одговорни проекти, со јасна цел да создава додадена вредност за своите купувачи и за заедницата.
Наградата претставува значајно признание за целиот тим на dm, кој секојдневно работи со посветеност и грижа за да обезбеди пријатно искуство при купувањето и производи со најдобар однос меѓу цената и квалитетот.

И во иднина, dm останува верен на својата мисија да ги става потребите на купувачите во центарот на своето работење и да ја оправдува довербата што ја ужива со години.








