17-годишник имал полов однос со 14-годишна малолетничка: Случајот го пријавила нејзината мајка

Макфакс

19/10/2026

14:00

217

Големина на фонт

а а а

Во Скопје полицијата уапсила 17-годишник по пријава за полов однос со 14-годишна малолетничка, а случајот е пријавен од нејзината мајка.

Вчера во 15:00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 17-годишник од Скопје.

Полицијата постапила по претходна пријава од 45-годишна жена, дека тој имал полов однос со нејзината 14-годишна малолетна ќерка, со која биле во врска.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР.