Кичевец извршил обљуба врз сопругата па ја нападнал малолетната ќерка

Макфакс

19/10/2026

13:50

104

Големина на фонт

а а а

Во Кичево е пријавено дека 37-годишен маж извршил обљуба врз неговата сопруга и физички ја нападнал малолетната ќерка. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.10.2026 во ОВР Кичево било пријавено дека Е.К.(37) од Кичево извршил обљуба врз неговата сопруга.

Според полицијата тој потоа физички ја нападнал малолетната ќерка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што против него ќе биде поднесена соодветна пријава.