Олисе си поигруваше со ривалите: „Лажен корнер“ и дриблинг провокација која ги подели фановите во Германија

Дерби

19/10/2026

12:29

352

Големина на фонт

а а а

Мајкл Олисе без никаков сомнеж е еден од најдобрите играчи во светот во овој момент, но поради специфичниот стил на игра и начинот на кој се однесува, повремено се добива впечаток дека тој знае да ги потцене ривалите.

Олисе привлече внимание на последниот натпревар во Лигата на шампиони поради тоа што наседна на провокација и заработи црвен картон против Викинг, но затоа на мечот против Ред Бул Лајпциг тој беше оној кои ги провоцираше ривалите со својот пристап.

Баерн го демолираше Лајпциг во големото дерби и славеше со 6:1, а ако Луис Диаз беше прво име на теренот поради трите постигнати гола, од друга страна, Олисе се предодреди да си поигрува со ривалите.

Олисе најпрво со лажно движење насамари неколку ривали дека изведува корнер, но поголемо внимание привлече со провокативниот дриблинг во дуелот со Нуса.

Францускиот фудбалер буквално си поигруваше со Нуса и ги тестираше нервите на противникот, кој во дадената ситуација сепак не одговори со некој жесток старт.

Потегот на Олисе го сподели и Бундеслигата, а истиот предизвика измешани реакции меѓу фановите на фудбалската игра.