СДСМ: Мицкоски прогласи историска победа во Брвеница, со пад на поддршката од 13 проценти

Макфакс

19/10/2026

12:20

89

Големина на фонт

а а а

Мицкоски прогласи историска победа на изборите во Брвеница, но СДСМ реагира дека има значаен пад на поддршката за ВМРО-ОКГ, посочувајќи манипулации и зголемување на довербата во нивното раководство.

Арамијата Мицкоски излезе на прес-конференција за Брвеница. Прогласи огромна победа. Историски резултат, вели. Колку не може да го скрие падот што мора да држи прес за една општина. Дали спомна некој друг освен СДСМ? Не. Само СДСМ. Само единствената опозиција, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот, Христијан Мицкоски.

ВМРО-ОКГ и падот на поддршката

„ВМРО-ОКГ има пад преку 13 проценти. Тоа е бројката што ја кријат зад „историскиот“ резултат. Се служат со манипулација – ги споредуваат гласовите од советничките листи со директниот избор на градоначалник. СДСМ има 46 проценти повеќе гласови од минатиот пат. Тоа е единствената вистина. СДСМ не е задоволен со резултатите. Задоволен е што и покрај сите напади од ВМРО, од оние што ја предадоа СДСМ од Платформата ЗНАМ 2.0 – новиот сателит на Мицкоски, од сите други – граѓаните го препознаваат новото раководство. Задоволен е што расте довербата. Што граѓаните гледаат дека СДСМ води битка против организираната криминална банда“, велат од СДСМ.