Барселона успешно го реши и предизвикот Бетис притоа совладувајќи го на негов терен во Севилја со што ја продолжи извонредната серија на резултати во Примера.
Каталонците славеа со 5-2, а еден од погодоците беше дело на Дани Олмо кој на овој начин стави крај на долгата серија без погодок. Тој дојде до првенецот во тековнава кампања или поточно прв гол за Барса уште од месец март кога исто погоди во победа од 5-2 остварена над Севилја.
-Многу сум среќен што продолжувам да постигнувам голови и да давам асистенции. Среќен сум што продолжувам да придонесувам за тимот. Не постигнав гол некое време, но тоа не ми беше важно.Само сакав тимот да победи и тоа е она што го правевме. Среќен сум, но затоа што тимот победи и ги освоивме трите бода…, -порача Олмо кој со ова само потврди дека е тимски играч за кого личната статистика воопшто не е важна.
-Се обидувам да го направам она што е најдобро за тимот. Сите сме среќни и подготвени за претстојната недела. Ќе играме против освојувачите на Лигата на шампионите (ПСЖ) и нашите најголеми ривали (Реал Мадрид). Мотивирани сме, -дополни Шпанецот.







