Епидемијата на ебола во Конго се прошири во осмата провинција, над 4.000 починати

Макфакс

18/10/2026

14:50

262

Големина на фонт

а а а

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се прошири во нова провинција, Северен Убанги, каде што се потврдени нови случаи и расте бројот на жртви над 4.000 починати.

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се прошири во осмата провинција, Северен Убанги, која се граничи со Централноафриканската Република, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Конго.

Ројтерс во четвртокот објави дека во Северен Убанги биле потврдени два случаи на ебола, повикувајќи се на двајца здравствени претставници.

Според податоците на здравствените власти, бројот на потврдени случаи на ебола во Демократска Република Конго надминал 9.000, додека повеќе од 4.000 лица починале од болеста.