[ФОТО] Дрога, дигитална вага и пари пронајдени при претрес во неготинско, приведен 60-годишник

Макфакс

17/10/2026

18:10

281

Големина на фонт

а а а

Полицијата пронашла дрога, пари и предмети поврзани со нивна употреба при претрес на дом во неготинското село Војшанци. Лишен од слобода е 60-годишен маж со престој во селото.

Претресот бил извршен на 16 октомври со судска наредба од Основниот суд во Кавадарци. Полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, бела прашкаста материја, семки, дигитална вага, дробилка, пари и други предмети.

Мажот бил задржан во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.