[ВИДЕО] Мартинез го извлече подебелиот крај во ужасен инцидент, Челси го победи Евертон со два гола на Нето

Дерби

17/10/2026

16:02

214

Големина на фонт

а а а

Челси одигра речиси перфектен натпревар во два правци на тешкото гостување на „Хил Дикинсон“, а како човек на одлука се покажа Педро Нето кој постигна два гола за тешко извојувана победа.

Избраниците на Чаби Алонсо се прикажаа во исклучително сериозно издание и заслужено освоија големи три бода, па од меч кој целосно може еда го задоволи Шпанецот, единствена негативна вест е повредата на Дибу Мартинез.

Аргентинскиот голман имаше жесток судир со Брантвајт и го извлече подебелиот крај во ужасниот инцидент, а загрижувачки изгледаше самото тоа што таков борец не можеше да застане на нозе.

Мартинез повеќе од 10 минути лежеше на теренот и беше имобилизиран од лекарите, по што со носилки беше изнесен од теренот.

Пред да дојде до немилиот инцидент, Нето веќе погоди за 0:1, а до крајот на мечот постигна уште еден гол за конечни 0:2 во Ливерпул.

Непријатниот судир погледнете го ТУКА.

Головите на Нето погледнете ги ТУКА.