Двајца мажи биле приведени во Куманово откако биле фатени при обид да украдат производи од продавница. Инцидентот се случил на булеварот Октомвриска револуција, а лица од МВР потврдија дека против нив ќе бидат покренати соодветни пријави.
Двајца мажи биле приведени во Куманово откако биле затекнати во продажен објект при обид да одземат производи, соопшти МВР.
Случајот се случил вчера околу 18:40 часот, во продавница на булеварот „Октомвриска револуција“.
„Полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ш.( 52) од Скопје и А.А. (51) од село Страчинци, скопско“, велат од полицијата и додаваат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.








