Некои работи не се менуваат: Варди се врати во Англија и продолжи да решета и 20. сезона по ред

Дерби

17/10/2026

11:01

372

Големина на фонт

а а а

Дваесетта сезона по ред Џејми Варди постигнува барем еден гол за својот клуб, а новиот кој го постигна беше негов првенец во новата средина.

Искусниот 39-годишен напаѓач брзо се откажа од идејата да има и втора сезона во италијанскиот фудбал, па после една година надвор од дома, одново се врати на Островот.

Иако чекаше понуди од прволигаши, Варди на крајот не доби таква привилегија и прифати понуда од Барнли, а вчера го постигна првиот гол во новата средина.

39-годишниот напаѓач се загреваше на првите три средби по трансферот и добиваше шанса од клупата, но на вториот натпревар како стартер во Чемпионшип почна да дава резултати.

Варди се отвори во свој карактеристичен стил и сигурно погоди за водство од 1:0 на Барнли, но тоа не беше доволно за победа, бидејќи Вулвс направи пресврт и победи со 1:2.