Ширер типува: Домаќините ќе издоминираат во новото коло во Премиер лигата

Дерби

17/10/2026

10:58

299

Големина на фонт

а а а

Англиската Премиер лига ни го носи седмото коло, коло кое ќе биде отворено со средбата во Ливерпул меѓу Евертон и Челси, а затворено в понеделник во Лондон со дуелот Тотенхем-Ковентри.

Дерби во оваа рунда нема, меѓутоа тоа не значи дека нема да биде занимливо, возбудливо на сите соочувања. Доста екипи беа активни во европските купови и секогаш кога по нив следуваат домашни предизвици тоа знае да биде незгодно, сериозен предизвик и останува да се види како тие клубови ќе се снајдат особено оние кои не се навикнати на таков ритам како Брајтон, Сандерленд и Борнмут, плус Кристал Палас.

Најдобриот стрелец во историјата на ПЛ, Алан Ширер стандардно доби можност да истипува, даде прогноза и го даде мислењето за сите натпревари и од она што може да се заклучи е дека очекува доминација на домашните тимови, победи на седум од десетте пресметки.

Типови на Ширер:

Евертон-Челси X

Брентфорд-Ливерпул 1

Фулам-Хал X

Манчестер Сити-Ипсвич 1

Њукасл-Астон Вила 1

Борнмут-Сандерленд 1

Брајтон-Кристал Палас 1

Лидс-Манчестер Јунајтед 1

Нотингем Форест-Арсенал 2

Тотенхем-Ковентри 1